АРТИСТИ

Теодосиј Спасов

http://theodosiispassov.com/

Публиката го доживува Теодосиј Спасов како “светскиот кавалџија“. И се разбира кругот на обожаватели и поддржувачи на неговата музика е широк. Препознат како вируозот на кавал кој е способен да интерпретира фолк мелодии на сопствен начин. Тоа што го прави уште повеќе популарен се неговите оригиналн идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанрови.


Тони Китановски

http://www.tonikitanovskitrio.com/

Тони Китановски сака да се опише како композитор кој свири на гитара. Десетте години поминати во Бостон, благодарение на целосната стипендија на Беркли, беа исполнети со уникатни и екстремни музички откритија кои сега ја обликуваат бојата во неговиот музички глас.


Виктор Филиповски

http://fierce.mk/

Виктор Филиповски е музичар од најмладата скопска креативна џез сцена. Еден е од најангажираните музичари во Македонија, како на домашната сцена така и пошироко. Во 2017 година му беше доделена наградата “Златен Орик – Најдобар млад џез музичар” од Скопје Џез Фестивал и Qatar Airways.


Kabadayas

http://www.kabadayas.mk

Самиот музички жанр на Кабадајас е мешавина од традиционалните мелодични и ритмички изрази во земјата кои ги разбиваат границите, достигнувајќи длабоко во сферите на џез-фузијата / фанк / драм & бас и даб музика.


Џоле Грујовски

https://www.facebook.com/djole.grujovski?ref=br_rs

Џоле Грујовски е гитарист аранжер едукатор кој низ својот музички пат создал и создава импресивна и иновативна музика. Музиката на албумот “Рефлексии” се карактеризира со честа промена на динамиката, нежна атмосфера и еднаков третман на сите инструменти.


Лина Авшар

https://www.facebook.com/DRAGONFLYYYYYY

Навистина ѕвезда која се раѓа, позната по нејзиниот моќен, а сепак мазен глас, како и по нејзините интерпретации на фанк соул џез стандарди, и современа популарна музика.


Скопје Џез Инк.

https://www.facebook.com/Skopje-Jazz-Inc-841051602754184/

Група музичари, добро познати на домашната и меѓународната џез сцена, на кои секој настап им е нова музичка авантура, со репертоар составен од авторски и помалку или повеќе познати џез композиции аранжирани токму во стилот на бендот кој опфаќа сѐ од bebop па сѐ до денес и смело навлегува во иднината.


Моли Троли

Моли троли е фраза која големиот Лестер Јанг ја користи во неговиот сленг како жаргон за музички тест. Традиционалниот, но и апстрактниот начин на изразување се главните карактеристики на оваа група.