ФАБРИКА

Главната цел на овој проект е да се развие во инвентивна работилница каде што децата можат да практикуваат цртање, сликање и танцување заедно со слушање и свирење музика, со цел да се чувствуваат слободни да ги искажат своите уметнички и креативни способности. Џез фабрика е можност за младите луѓе да слушаат поинаква музика и подобро да ги запознаат инструментите. Тие ќе свират и се надевам дека ќе можеме да ги научиме од рана возраст дека она што обично го слушаат на телевизија или на друго место не е секогаш најдобрата музика – тие мора да научат да препознаваат и да прават селекција. Ќе започнеме со демонстрирање колку е долицен и забавен џезот.