Поддржете не

Со срце полно со џез историја и фокус на младите таленти, ЏЕЗ ФАБРИКА ФЕСТИВАЛ – Битола се залага за одлична, авантуристичка музика.

ЗА ФЕСТИВАЛОТ

ЏЕЗ ФАБРИКА ФЕСТИВАЛ – Битола е формиран во 2011 година како годишна работилница за младите да учат основи на џез музиката и да создаваат и развиваат интерес за импровизирана уметничка форма со фокус на креативноста и слободата. Овој инвентивен пристап доведе до тесна врска помеѓу учесниците, што резултираше во создавање на неколку млади бендови и ги поттикна идните џез-уметници. Од 2018 година проектот се претвора во интернационален џез фестивал кој главно е фокусиран на презентација на врвните џез артисти од светот како и поддршка на Македонските џез уметници, со промоција на нивните нови изданија, мрежно поврзување, букинг, стекнување искуство, мобилност на уметниците и соработка со странски музичари и организации и прерасна во препознатлив бренд на градот Битола, и се етаблира на Македонската и Европска џез сцена како фестивал кој ја негува современата и прогресивна музичка мисла.

СТАНЕТЕ ПРИЈАТЕЛ

Донирајте 100 евра годишно и одржувајте ја авантурата во музиката. Како пријател ќе добиете:

* Лични покани за годишното издание на фестивалот. * Бекстејџ обиколки и запознавање со уметниците. * Специјални пријателски попусти на влезници за концертите.

Преземете го формуларот за регистрација овде. Пополнетиот формулар можете да го испратите на info@jff.mk

Вашата донација можете да ја испратите на:

 

АСОЦИЈАЦИЈА НА ЏЕЗ ФЕСТИВАЛИ Скопје

 

за ЏЕЗ ФАБРИКА ФЕСТИВАЛ Битола

 

250-0103023515-84 Шпаркасе Банка

 

4057022559091 Даночен Број

 

 

НАПРАВЕТЕ НЕШТО ДРУГО?

Секако постојат и други опции за поддршка на Џез Фабрика Фестивал Битола или конкретен дел од нашите активности, бидете креативни и кажете ни ги вашите идеи. Вашата компанија на пример може да биде додадена во делот партнери на фестивалот – вклучена во идеална платформа за презентација на своите производи / услуги, да создаде траен впечаток во заедницата и да се етаблира како општествено одговорна компанија! Ние сме среќни да закажеме состанок со вас. Голема благодарност однапред за вашата поддршка!

Share:
@2023 - Jazz Factory Festival. All rights reserved. Develop by Nova Solutions