Баба Сисоко ни доаѓа од Мали. Неприкосновен мајстор на Тамани (зборувачки тапан) на кој бил инициран од неговите предци Djeli Baba Sissoko, Djeli Maka Sissoko и Djatourou Sissoko, тој исто така со еднаква природна умешност користи и нгони (традиционална гитара од Мали), камаленгони („инструмент за млади мажи“, харфа-лаута од 6 до 12 жици наштимани со гласот на музичарот), балафон, калабаш, гитара, висат и секако пее.
Роден во Бамако, Баба потекнува од родот на предците на Малиските Гриоти, чија должност во однос на традицијата
е да се помират срцата и душите.
« … мојата музика не ми припаѓа мене, туку им припаѓа на сите …за мене музиката е мир. » Баба Сисоко
Тони Китановски од Македонија сака да се опише себеси како композитор кој свири гитара. Десетте години поминати во Бостон, благодарение на целосната стипендија на Беркли, беа исполнети со уникатни и екстремни музички откритија кои сега ја обликуваат бојата на неговиот музички глас.
По враќањето во Македонија егзотичните звуци на мултикултурното ткиво на Бостон, каде традиционалната музика од секој замислив дел на светот може да се најде зад аголот во секое време, беа заменети со подеднакво интригантна балканска разновидност на музички бои засновани на модови и ритми на антиката, византиски. и источните традиции.